АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 26 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречена е една мерка за користење мобилен телефон при возење, 7 санкции за некористење на заштитна кацига -шлем... Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.