Во текот на денешниот ден, противпожарните екипи беа постојано на терен и успешно ги совладаа големиот број пожари кои се појавија во Битола и околината, соопштија градоначалникот Тони Коњановски
-ТППЕ Битола, во текот на денот имаше 10 интервенции, од кои 7 пожари и 3 технички интервенции во Кукуречани, Могила и на улица Солунска во Битола. Пожарот кој избувна во близина на детската градинка во населба Стрелиште, предизвика материјална штета на градинката, поради што контактирав со директорката на градинката за брзо преземање на потребните мерки, рече Коњановски
-Голема благодарност за брзата интервенција на сите противпожарните екипи. Дел од нив и вечерва, ќе останат во селото Крклино, каде поради пожар на електрични инсталации, причинета е голема материјална штета и изгорени се 8000 бали сено. Заедно со екипите на ТППЕ Битола во Крклино, интервенираат и екипите на ЈКП Водовод, додаде градоначалникот
Јавното претпријатие Комуналец, од 17:30 часот со своите екипи интервенира на расчистување на улиците, отстранување на паднатите дрвја и контејнери.
Од извршениот увид од страна на КЈП Нискоградба, не се констатирани проблеми поврзани со канализационата мрежа, но екипите се подготвени да дадат поддршка во интервенциите доколку се појави потреба и од нивно вклучување.
-Продолжуваме да делуваме во координација со сите одговорни лица, со цел санирање на состојбите и евентуална дополнителна интервенција, доколку се појави потреба, посочи Коњановски