Градоначалникот Тони Коњановски купил 10 сезонски билети од сопствени средства за навивачи на ФК Пелистер кои не се во можност сами да набават. Информацијата ја објави на својот ФБ профил.
-Денес со сопствени средства купив 10 сезонски билети како поддршка за нашата гордост ФК Пелистер, кои ќе бидат наменети за навивачи и вљубеници во фудбалот, кои од каква било причина не се во можност да набават сезонски билет.
Само еден тим! Само еден град! Само Пелистер! Само Битола, напиша Коњановски на ФБ