АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската актерка Соња Михајлова ја доби наградата за најдобра женска улога на 17-то издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Жирито составено од Николај Круглов режисер од Русија, Мето Јовановски актер и Ана Стојановска театролог, ја наградија Михајлова за улогата на Јулије Цезар, од истоимената претстава во изведба на Битолскиот драмски театар. Неа при врачувањето на наградата публиката ја поздрави со римскиот поздрав ,,Аве“.
„Радоста споделена е поголема, затоа со Вас сакам да ја споделам радоста од добиената награда. Не само заради ликот на Јулије Цезар, кој е историски, антички, вонвременски, туку и заради овој прекрасен Фестивал кој ја негува античката драма и театар и поради овој амбиент“, рече Михајлова.
Годинава Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, се одржа по 17 пати и по три годишна пауза повторно во локалитетот на античкиот театар Стоби.