Спортските работнички игри во РЕК Битола по повод Денот на рударите влегуваат во својата завршница. Познат е пласманот во најголемиот број дисциплини.
На турнирот во кошарка, женска конкуренција, првото место го освои екипата Тигрици, на второто место се пласира тимот од Секторот комерција во рудникот Суводол, а третото место ѝ припадна на екипата Рудник.
Кај мажите, најдобра кошарка играат вработените во Отпепелување, второпласиран е тимот Електро, а на третото место заврши
екипата Ол стар.
Жените се натпреваруваа и во дисциплината пикадо. Првото место го освои Александра Трајковска, на второто место се пласира Марина Главеска, а на третото место заврши Билјана Паунова.
На турнирот во мал фудбал – мажи, победата ја однесе екипата 0 (нулти) БТО која во финалето ја порази екипата Електро. На третото место се пласира екипата од ФОД.
До крајот на август ќе завршат и натпреварите во риболов и во куглање – жени, со што ќе се компелтира овогодинешното издание на Спортските работнички игри во РЕК Битола кои традиционално се организираат по повод Денот на рударите. Најдобро пласираните екипи и поединци ќе се натрпеваруваат на работничките спортски игри кои ги организира Синдикалната организација на АД ЕСМ на почетокот на септември на брегот на Охридското езеро.