На 31.08.2023 г.(четврток) заедно со кафе бар Везилка и музичката група „Битолски тамбураши“ ќе се одржи настанот „ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА“ кај Безистен покрај река Драгор со почеток во 20.00 ч.
-Поведени од стиховите за нас на една од најубавите битолски песни на Петар Калица „Ако одам во Битола” во спој со духот и времето од живеењето во некогашна градска Битола, после повеќе од 70-тина години одлучивме да го разбудиме битолското во нас и да започниме повторно да си ги негуваме некогашните традиционални вредности по кои беше препознатлив нашиот град со намера сето тоа да продолжи и да трае понатаму како континуитет во Битола.
И затоа драги битолчани вашата поддршка ќе ни биде многу значајна и потребна. Настанот го организираме со сопствени средства и можности, од вас е потребно да си повелите на убава вечер со староградска музика со битолски и македонски песни. Покрај свежината на река Драгор, заедно со вас да си го вратиме духот на Дембел чаршија, една од најпрепознатливите чаршии некогаш во градот, најавуваат организаторите.