Во делот на „бистри“ настани за месец август, ТИ Македонија ја вбројува покренатата истрага за крадењето цитостатици од Клиниката за онкологија, но и работата на Минисерството за внатрешни работи.
Во делот на работата на МВР, од ТИ Македонија позитивно ги издвојуваат апсењата на странски државјани (еден бугарски и еден грчки) кои нуделе поткуп кон полицијата, како и покренатата кривична пријава за директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ поради злоупотреба на службената положба од страна на СВР Охрид.
„Активностите на Министерството за внатрешни работи продолжуваат и во текот на месец Август 2023 година. Со зголемената реализација на МВР граѓаните се охрабруваат да пријават случаи на барање и примање поткуп и други дејствија на коруптивно однесување“ стои во Извештајот на Транспаренси Интернешнл Македонија
Извор 24info.mk
Линк https://24info.mk/