2win800x200

Јанаки Митровски контра Апасиев: Кариерата ја почна во Сорос, а сега шиканираш 18-годишни деца како соросоиди

Септември 07, 2023

Откако ги узурпира и вулгаризира протестите во Скопје за случајот Онкологија, Димитар Апасиев од Левица, на социјалните мрежи, засилува со невиден говор на омраза и повикува на насилство.

„А бе лешпери смрдени (соросписко-вмроидни-џабировски)… На детето од Црвена младина, шо го уапсија џандарите вчера, МАЈКА му има умрено од рак!!!

И немој да ми морализирате за пцовки, оти времето на политичката коректност помина! Бидете среќни шо уште само ве пцуеме, оти следниот пат на клоци ќе ве извадиме.

p.s. Не еден. Два ќе пушите!“, објави на Фејсбук Апасиев.

На преземената објава од Апасиев, адвокатот Јанаки Митровски во коментар одговара дека Апасиев кариерата ја почнал во Сорос: Сорос дебатен клуб, Младински Образовен Форум, а сега шиканира млади 18 годишни деца од МОФ како соросоиди.

„Па Димитар кариерата ја почна во Сорос: Сорос дебатен клуб, Младински Образовен Форум. …Дур ти паша биди соросоид после тоа шиканирај 18 годишни деца од МОФ како соросоиди… “, пишува во коментарите Митровски.

Дебатата помеѓу другите коментатори во конкретниот пост продолжува со посочување на дволичноста на Апасиев за неговиот ангажман во СЈО, како „хонорарец на Катица Јанева“.

Вулгарниот говор на омраза што го користи Апасиев за да се пресмета со своите политички неистомисленици по којзнае којпат излегува од сите морални граници на пристојноста. Осудите на таквото поведение од лидерот на радикално десничарската партија што се нарекува Левица, не стивнуваат на социјалните мрежи. Грб му вртат и доскорешни поддржувачи.

Целиот текст на https://frontline.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани