2win800x200

По 40 години рехабилитиран патот Битола-грчка граница

Септември 07, 2023

 

Привршува рехабилитацијата на регионалниот пат Битола- грчка граница кој цели 40 години не беше преасфалтиран, преполн  дупки, крпеници не беше безбеден за сообраќај. 
 Министерот Благој Бочварски денес изврши увид врз инфраструктурниот зафат и најави дека до октомври ќе биде и официјално пуштен во употреба. Реконструкцијата на12, 7 километри пат чини 3, 27 милиони евра обезбедени од ЕБОР. 
 
Бочварски уште најави дека на пролет идната 2024 година ќе биде готов и експресниот пат  со делницата Градско - Дренобо и Дреново- Фариш.
 
,, Убеден сум дека тој пат ќе значи подобро инфраструктурно поврзување на овој крај со Скопје, ќе ја зголеми економската активност на овој регион и ќе ја зголеми безбедноста. Таму се одвиваат силни градежни активности. Вториот тунел е пробиен,  се минира теренот, на првата делница Градско- Дреното се започнати асфалтните работи, нема застој", рече Бочварски. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани