КЈП Нискоградба Битола ги информира граѓаните дека од неодамна на новата платформа за електронска наплата на сметки е воведена нова услуга за електронска достава на истите и апелира до граѓаните да се регистрираат на истата. Ваквата услуга им овозможува на граѓаните сигурна и брза достава на сметките за надомест на канализација.
Исто така информираме за услугата за одлагање на градежен шут, имено многу често граѓаните се
соочуваат со проблемот за одлагање на градежниот шут и заради неинформираност ги користат услугите на нелиценцирани превозници кои одлагањето на шутот го вршат најчесто во диви депонии. Со цел да се излези во пресрет на граѓаните , како и со цел да се заштити околината информираме дека КЈП Нискоградба Битола врши подигање, транспорт и одлагање на градежен шут, на претходно доставено барање, по цени пониски од актуелните на пазарот.