Општина Битола, објави јавен повик за прибирање на пријави за доделување на еднократна финансиска награда за ученици од основните и средните училишта во Општина Битола во учебната година 2022/2023. Наградите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2023 година согласно Програмата за образование на Општина Битола за 2023 година. Наградите на избраните наградени
ученици ќе бидат доделени во рамките на празнувањето на патронот на Општина Битола, денот на Свети Нектариј Битолски. Наградите се доделуваат во две категории и тоа: категорија 1: математика и природна група на предмети, македонски јазик, странски јазици, општествена група на предмети и земјоделски науки и категорија 2: музичка уметност.
Категорија 1: Математика и природна група на предмети, македонски јазик, странски јазици, општествена група на предмети и земјоделски науки.
Право на поднесување на пријава за наградени ученици од основните и средните училишта во Општина Битола имаат кандидатите кои:
- се редовни ученици во основно или средно училиште во Општина Битола;
- награди за поединечно прво, второ или трето рангирани од листа на учесници на државен натпревар (да се достави прилог од листата на учесници);
- прва, втора или трета награда на меѓународен натпревар (напомена: Кенгур не е меѓународен натпревар) доказ за најмалку 5 земји учеснички и да не се спроведуваат по електорнски пат на далечина, за учебната 2022/2023 година;
- натпреварите да бидат организирани од акредитирани здруженија.
Категорија 2: Музичка уметност
Право на поднесување на пријава за наградени ученици од основните и средните училишта во Општина Битола имаат кандидатите кои:
- се редовни ученици во основно или средно училиште во Општина Битола;
- награди за поединечно освоено прво место на државен натпревар (прво рангиран на листа на учесници );
- награди за меѓународен натпревар (прво рангиран на листа на учесници), доказ за учество на најмалку 5 земји учеснички и да не се спроведуваат по електорнски пат на далечина за учебната 2022/2023 година;
- натпреварите да бидат организирани од акредитирани здруженија;
Сите заинтересирани ученици кои ги исполнуваат условите на овој повик можат да поднесат пријава заедно со потребната документација во рамките на овој повик не подоцна од 31.10.2023.