АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стотици прехранбени производи од денеска, а најдоцна од утре па се до 30 ноември годинава во маркетите треба да имаат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август. Граѓаните ќе можат да ги препознаат според ознаката „гарантирана цена“. Одлуката за поевтинување на прехранбените производи за 10 отсто и замрзнување на намалените цени ја донесе вчера Владата на седница, а според најавите од министерот за економија листата со производи ќе се прошири следната недела.
Примената на Одлука за определување на највисоките цени во трговијата на мало со усвоената листа на производи, според Бектеши, ќе ја намали целокупната инфлација во делот на храната за 4 до 5 отсто.