2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолската Стопанска банка најави можност за присоединување кон најголемата банка во државата, Комерцијална банка

Септември 27, 2023

Најголемата банка во земјава, Комерцијална Банка, извести дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, а информацијата ја потврдија и од битолската  Стопанска банка. Д вете информации се објавени преку Македонската берза.

 

"Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје, поради што ќе биде остварен контакт со раководството на Стопанска банка АД Битола за првична размена на информации.

Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за присоединување во иднина. Вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните собранија во 2024 година.

Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје", соопштија ид Комерцијална банка.

 

И од Стопанска банка потврдија дека се разгледува оваа можност

 


Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Стопанска банка АД Битола ја известува јавноста дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје, поради што ќе биде остварен контакт со раководството на Комерцијална банка АД Скопје за првична размена на информации.

Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за присоединување во иднина. Вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните Собранија во 2024 година.

Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална Намера за присоединување на Стопанска банка АД Битола кон Комерцијална банка АД Скопје, се наведува во соопштението од Стопанска банка Битола која минатата недела одбележа 75 години од своето постоење

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани