АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нема пропсути во третманот на 17 годишниот Анес Абдуловски, момче со аутизам, при неговото лекување во Психијатриската болница Демир Хисар, констатираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по вонредниот инспекциски надзор што го иницираше директорката Рената Младеновска. Од таму потврдија дека за време на неговиот престот тој бил фиксиран и врзуван, но не со синџири туку со кожни и платении фиксатори поради неговата изразена агресија посебно кон женскиот дел од пациентите во установата. Од адолесцентното одделние бил префрлен на акутниот машки оддел во соба за фикасција на пациенти со насилнилко однесување
-Овиеи фиксатори се наменети за пациенти кои се агресивни, и не станува збор за синџири кои беа изнесени во јавност. Постојат кожни и платнени фикастори, дозволени се според упатство од мадицина базирана на доказ. Се користат за пациенти со агресивно и насилничко однесување, изјави Рената Младеновска директор на ДСЗИ.
Младеовска рече дека инспекторите при нивните надзори никогаш не затекнале такви предмети, а медицинската документација што се водела за момчето била уредна и родителите редовно биле известувани за неговата состојба.
-Од сите досегашни наши надзори редовни и вонредни не сме виделе во психијатриските болници предмети за измачување на пациентите, вели Младеновска
Пред да биде хоспиталзиарн во Психијатриската болница во Демир Хисар, поради изразена агресија со која родителите не можеле да се справат, Анес бил лекуван на Клиниката за психијатрија во Скопје, но не се јавил на контролниот преглед, велат од ДСЗИ. Иако, психијатрска установа не е место за деца со аутизам, нејасно зошто бил примен во болницата во Демир Хисар,