АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бар Општина е нов кафе бар, кој своите врати ги отвори на 26ти Јули ова лето, локал лоциран подалеку од градската гужва, но сепак сместен во срцето на градот. Концептот на Бар Општина е осмислен со цел да им се понуди на Битолчани едно ново, поинакво искуство, комбинација од квалитетно кафе и интимна релаксирачка атмосфера во нивната зелена рајска оаза.
Оваа пријатна средина е погодна за секого, за вечерна дружба со пријателите, или денска шема со милениците, толку погодна дури и за една самостојна кафе-сеанса со книга во рака. Во нивното детско катче, малите гостинчиња можат да се дружат и радуваат, а ние да уживаме во нивниот детски џагор! Отворени за соработка, и со идеја да се поттикне поддршка помеѓу локалните бизниси, Бар Општина од самиот почеток реализираат настани од културно-софистициран карактер, како и тематски вечери на кои се подготвуваат извондредни коктели и разновидни светски пијалоци.
Битолчани се уште зборуваат за настанот реализиран во соработка со пицеријата „Кус-Кус“, а големо освежување беше и хуманитарниот настан кој се одржа неодамна во соработка со „Book's house”. Битола во Септември - како мирисот на свежо сомелено кафе, како убавото чувство после топол пречек, како насмеаните лица на најмалите или радосниот скок на милениците.... Ова не се само епитети, туку и комплетната понуда на новоотворениот кафе бар. За сите настани кои следат во престојнитот период, како и повеќе инфомации за уникатните идеи следете ги нивните социјалните мрежи на Facebook @Бар Општина и на Инстаграм @baropstina Нам ни откриваат - следуваат пријатни есенски изненадувања.