АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес, се одбележуваат 82 години, од еден од најзначајните датуми од македонската историја, кога борците од НОБ го означија почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор. По тој повод, во чест на загинатите борци и херои кои ги дадоа своите животи за слободна и независна Македонија, кај споменикот на НОАВМ, пред Центарот за култура, свежо цвеќе положија: Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници од Советот на општината, Сојузот на борци, како и претставници од политичките партии.
Градоначалникот Коњановски, испрати честитка до своите сограѓани и целиот македонски народ, нагласувајќи дека: „Денешното чествување значи оддавање почит на една голема заложба на нашите предци, со која ги поставиле темелите на повеќевековниот стремеж за создавање сопствена држава. Нивниот историски придонес и денес ја потврдува нашата обврска и заложба за сплотеност, единство, зачувување на сопствениот идентитет и вредности и несебично вложување во градењето подобра иднина за сегашните и идните генерации, за Македонија. НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање до граѓаните.