2win800x200

Синоќа на дождот, 800 вљубеници во трчањето учествуваа на ноќната атлетска трка по Широк Сокак

Ноември 04, 2023
Ниту големото невреме кое синоќа ја зафати Битола, не ги спречи околу 800 вљубеници во трчањето, да учествуваат на ноќната атлетска трка по Широк Сокак.
Трката години наназад се одржува како дел од Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а се натпреваруваа ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта, средношколци и студенти, поделени во машка и женска конкуренција. На трката учествуваа и претставници на одредени компании во градот, како и граѓаните.
Можно е да е слика од 7 луѓе, улица, толпа и текст
Победниците на трката ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој посочи дека ваквите натпревари се поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а посебно што се натпреваруваат голем број на ученици и граѓани. Масовноста на трката, истакна Коњановски е само уште еден белег и придонес кон празнувањето по повод ослободувањето на Битола.
Пред присутните се осбрати и претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски.
Наградите на победниците им ги врачија градоначалникот Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, советничката во Советот на општина Битола, Лидија Павловска и претставници на Сојузот на спортови.
Традиционалната ноќна атлетска трка се одржува во организација на Сојузот на спортови од Битола, во соработка со Сојузот на училишен спорт, а со поддршка од општина Битола.
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе играат хокеј, скејтборд, толпа и текст
Можно е да е слика од 3 луѓе и текст
Можно е да е слика од 4 луѓе и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани