2win800x200

Илиевска да не се секира не е хакирана, градоначалникот лично го доби одговорот за велопатеките од Делегацијата

Ноември 09, 2023

Мејлот на претседателката на Советот Габриела Илиевска не бил хакиран, туку градоначалникот Тони Коњановски лично го добил од Европската делегација  на негово барање, велат од Општина Битола откако Илиевска се пожали дека некој извршил упад во нејзината електронската пошта. 

Писмото што го објави Апла.мк од Европската делегација е изпратено до градоначланикот Коњановски. 

За потврда на кажаното од општина Битола ни испратија доказ од електронската кореспонденција со Делегацијата. 

Од општина Битола велат дека претседателката воопшто да не се сомнева оти ниту службеници од Општина Битола, ниту надворешни лица не го злоупотребиле нејзиниот службен мејл. 

Во прилог скриншот од оригиналната преписка на градоначалникот со Делегацијата 

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани