2win800x200

МЗШВ со Национални шуми ја започнаа големата акција за пошумување во 19 региони на 36 локации низ државата

Ноември 15, 2023

Годинешната акција „Ајде да пошумуваме заедно“, на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми, започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година и опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрес, јасен, костен и ела.

 

-Акцијата за пошумување на 400 ха со 1.200.000 садници продолжува низ целата држава. Со помош на општествено-одговорни компании, граѓански организации и индивидуалци во 19 региони и 34 локации ќе бидат посадени најразлични видови садници. Национални шуми располага со сопствени расадници во кое се произведува целокупниот саден материјал, изјави директорот на ЈП Национални шуми, Валентин Груевски.
 
Се повикуваат сите граѓани љубители на природата да се приклучат во оваа голема акција за пошумување. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани