АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Веќе шест години почнувајќи од 2018 година, цената на водата, односно тарифата за водни услуги ја регулатора и пресметува Регулаторна комисија за води и водни услуги врз основа на член 13 став (1) од Законот за утврдување на цени за водни услуги (Сл.весник на Република Македонија бр. 63/17). Цената на водата се пресметува врз основа на повеќе параметри и индикатори од кои што зависи висината на тарифата за водни услуги. Регулаторна комисија ја регулира цената на водните услуги за период од три години, врз основа на добиени податоци од базна година од која што зависи цената на водата во наредниот три годишен период. Предлог одлуката за утврдување на тарифата за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП Водовод Битола за регулираните периоди 2018-2020 година и 2021-2023 година, како и за наредниот регулиран период 2024-2026 година ги има донесено Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, преку посебно донесена методојогија.
Тарифниот модел на пресметката се врши преку наменски тарифен модел „ТЦМ модел“ кој што се користи во земјите членки на Европската Унија, а кај нас од 2017 година. За Ваша информација цената на водата за пиење зависи од повеќе параметри врз основа на определен план за прилагодување на тарифите согласно инструкциите дадени во методологијата од Регулаторна Комисија за Енергетика и Водни услуги, кои ги земаат податоците од базната 2022 година за регулираниот период 2024-2026;
1.Инфлацијата во базната 2022 година, која што е со највисок степен на раст во последните 10 години.
2. Зголемувањето на цената на сурова вода која ЈКП Водовод Битола ја купува од ЈП Стрежево (која е веќе повисока за околу 20%, а истата е регулирана од Регулаторна Комисија за Енергетика и Водни услуги врз основа на истите параметри)
3. Енормното зголемување на цената на електичната енергија, нафтата и нафтените деривати во 2022 година имаат најголемо влијае врз зголемувањето на тарифата на водни услуги за наредниот регулиран период 2024-2026 година.
4. Зголемувањето на цените на сите репроматеријали за вововодни инсталации кои ги користи ЈКП Водовод Битола.
5. Параметар кој што влијае врз висината на тарифата на водни услугу е и бројот на население во Општината.
6. Зголемувањето на бруто платите врз основа на законската обврска поради инфлацијата, како и други параметри и индикатори кои можете да ги погледните на веб страната на Регулаторна Комисија за Енергетика и Водни услуги РКЕ и веб платформата на ЈКП Водовод Битола на истата.
Податоците дадени во изјавата на советничката од СДСМ Мирјана Захариевска Ралевска во врска со новиот тарифен модел 2024-2026 се неточни и паушални