2win800x200

Коњановски-Во изминатите 2 години се менуваат и подобруваат условите во општина Битола

Ноември 28, 2023
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ОБЈАВИ ПРОЕКТИ СО КОИ СЕ ПОДОБРУВААТ УСЛОВИТЕ И МОЖНОСТИТЕ НА БИТОЛА
 
Во изминатите 2 години, се менуваат и подобруваат условите во општина Битола. Се гради и реконструира патната инфраструктура, се уредуваат јавните површини, се реализираат нови проекти кои ќе донесат подобри услови во урбаниот и руралниот дел на општината, можности за спортски напредок, одмор и рекреација, културно забавен живот...
Во досегашниот период реализирано е:
- Изградба, реконструкција и рехабилитација на коловоз во урбаниот и руралниот дел во должина над 20 километри
- Реконструкција и изведба на водоводна мрежа
- Реконструкција и изведба на атмосферска, мешовита и фекална канализација
- Изградба на 6 детски паркови
- Реконструирано кошаркарско и ракометно игралиште
- Реконструирани 2 паркинг простори и комплетно уреден простор во централното градско подрачје
- Набавена заштитна опрема и возила за противпожарна заштита
- Партерно уредување и осветлување кај Офицерски дом
- Изградба на содржини во Аванатуристички парк на Пелистер
- Поддршка за реконструкција на „Копанки“
- Изградба на нов кружен тек
- Изградба на нов парк во Нова Битола
- Адаптација на надворешен дел на прифатилиште за решавање на проблемот со бездомните животни
- Продолжување на изградбата на детската градинка во АРМ и адаптација на нова детска градинка
- Инвестиции во ЈОУДГ „Мајски цвет“
- Инвестиции во Дом за стари лица „Сју Рајдер“
- Подобрување на условите во воспитно образовните објекти
- Изготвени 12 стратешки документи, важни за економски развој на Битола
- Изработка на нов генерален урбанистички план
- Осовременување на општинските услуги со дигитален систем
Низ транспарентно и посветено работење, продолжува реализацијата на започнатите и планираните проекти.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани