2win800x200

Приведен крадец во Битола, одзел накит и други предмети

Декември 07, 2023

Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.К.(38) од Битола под сомнение дека извршил тешка кражба.

Како што соопшти МВР, Т.К. бил лишен од слобода на петти овој месец. Тој се сомничи дека истиот ден извршил „тешка кражба“ во куќа во Битола и одзел накит и други предмети. Со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани