2win800x200

Нема да има поскапување на цената на водата во Битола

Декември 21, 2023

До доцна во ноќта Советот на Општина Битола распраше по предлозите за покачување на цената на водата за пиење за периодот од 2024 до 2026 година, но советничкото мнозинство гласаше против. Да не дојре до поскапување на цената гласаа советниците од СДСМ со колалицоните партнери, Поинаку и Левица, а ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

Од Советот беше побарано да донесе одлука за поскапување на водата за пиење за 6,9 денари за домаќинствата и 5,2 денари за претпријатијата за 2024 година. Според тоа, домаќинствата наместо 31,78 денари за кубик вода ќе требаше да плаќаат 38,71 денар, а фирмите од 52,80 на 58,07 денари. Покачувањето на цената во 2025 и 2026 година ќе беше помало и ќе се движеше од 0,9 дени до еден денар за метар кубен вода.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани