АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Координаторот на советничката група на СДСМ Методија Илиевски, на денешната седница на Совет, од говорница го праша Тони Коњановски дали планира да ја напушти градоначалничката фотелја и да стане носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, а со тоа и иден пратеник.
„На 20 декември бевте прашан дали ќе бидете носител на листата во петтат изборна единица, а одговорот Ви беше ‘рано е за било какви коментари на таа тема’. Дали вашето колебање и двоумење денес да се појавите на седницата на Совет каде е ваша морална, законска и етичка обврска да го образложите буџетот, е доволен показаател дека сакате да избегате од моменталната фотелја и дека не сте задоволни од вашата работа во изминатите години, дека ставате потврда дека Вие ги потрошивте финансиските средства во изминатите 2 години, а немате видливи резултати? Да ми одговоирите дали ќе ја напуштите градоначалничката фотелја и ќе потврдите дека ги изневерувате битолачни и ќе станите носител на избортна единица број 5“, праша Илиевски.
Коњановски му одговори дека: „„Од самиот избор насочен сум како градоначалник кон работата и одоворноста која ја зедов пред граѓаните да направиме нешто за градот. Сосема е рано и далеку, макар да сме длабоко навлезени во фолклорот на предизбориетои, во таа насока ги тумачам и сите наводи за носители на листи и пратеници. Она што го ветив и го чувствувам како обврска дека доследно, одговорно, принципиелно и отчетно ќе се залагам за подобрување на условците во градот“.
Ж.З.