АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска (04.01.2024) полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Т.(19) од Битола. Имено,по добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кај М.Т.(19) од Битола . При претрес во домот пронајдена е марихуана, дигитална вага со траги од марихуана, метална дробилка, како и пиротехнички средства. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.