2win800x200

Расте бројот на заболени од грип

Јануари 08, 2024

Расте бројот на заболени со грип или заболувања слични на грип. Според податоците на Комисијата за заразни болести во последната недела од 2023 година, во земјава биле пријавени 403 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, односно за 96,6% повеќе во однос на претпоследната недела од годината. Според податоците најбрзо ширење на грипот има кај децата од 0 до 4 години. Мехмедовиќ објаснува дека најголемиот број од случаите е со заболувањата слични на грип, додека регистрирани случаи на грип имало само 5, што според него е бројка сосема нормална за овој период од годината.

 

-Иако зборуваме за тоа дека се работи за голем број заболени од грип, всушност се работи за голем број заболени кои што имаат симптоми на грип, меѓутоа причинителот не е вирусот на инфлуенца. Пикот се очекува да биде кон крајот на февруари и почетокот на март, зборуваме на оние кои точно ќе бидат дијагностицирани со грип.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани