2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Како се користат средствата од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива-истражување во рамки на проектот „Младински активизам против корупција“.

Јануари 27, 2024

Во рамките на проектот „Младински активизам против корупцијата“, на ЦСИД Форум, денеска се организираше работилницата  на тема “Со транспарентност против корупција“, на која беше презентирано истражување за тоа како општините ги користат средствата од надоместокот за производство на електрична енергија од фосилни горива. Ова истражување покажа дека Владата доцни во распределбата на парите, а општините овие средства најчесто ги користат за инфраструктурни проекти за кои донеле програми, а за нивна реализација користеле и сопствени средства во случај кога наменските дотации не биле доволни.

Во истражувањето се опфатени распределбата на средствата за 2019, 2020 и 2021 година, а информациите за потребите на проектот се добиени преку слободен пристап до информации.

Па така, Општина Битола средствата во висина од над 240 илјади евра за 2020 година, ги искористила во 2022 година за изградба на колектор за фекални води во Брусник, реконструкција на фекална канализација на улиците Стара чешма и Македонска фаланга, а средствата за изградба на фекална канализација во Касарната ги пренаменила за изградба на секундарна мрежа за колекторот Бегова чешма.

И средствата од 2021 година во висна од 11 милиони и 300 илјади денари Општина Битола ги искористила во 2023, за изградба на фекална канализација во село Трнови и реконструкција на фекалните канализации на улиците Драгорска, Зборска и Стив Наумов.

Општина Могила со средствата добиени за надоместок од производството на енергија од фосилни горива тампонира полски патишта низ населените места

Општина Новаци е единствената која не испрати одговор во законскиот рок и со тоа постапи спротивно на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Владата не донела одлука за распределба на средства по основ на надоместокот за производство на енергија од фосилни горива, како наменски дотации на општините за 2022 и 2023 година, се наведува во извештајот од истражувањето во рамките на проектот „Младински активизам против корупцијата“ во кое беа вклучени, Леонид Ташовски, Мирко Наумовски и Филип Етмишовски. .

Што се информации од јавен карактер, како и од кого да ги побарата, на обуката зборуваше Петар Гајдов, државен советник од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, а дописничката на ТВ Телма и новинар во порталот апла.мк Емилија Мисирлиевска, ги сподели своите искуства за улогата на медиумите во подигање на јавната свест за постоењето на проблемот со корупцијата, причините и последиците од неа.

Е.Мисирлиевска

419445186 344773248427256 8202863710185724549 n

419732469 691997976172884 5292767823409240339 n

419773290 1856962688071000 6391188487385496174 n

419843828 908788097288058 1818506904383642967 n

419866063 686686990343387 3583437811847160033 n

420223861 762933935193269 3535092668442742278 n

420548746 705255315069050 1983751852895444490 n

420559976 1095657524902814 8450586095645881931 n

 

420712340 1034169847667134 8018629214979894594 n

422509648 2303628956513356 8842266232328364870 n

422565049 1080858339778278 569869981536802627 n

422570597 2379550065567459 2089437761503208951 n

422605139 1534092070710021 1496030703998535590 n

422790929 426108363079904 2469020090576275054 n

422616572 1114581659897484 3442384611255858460 n

420709034 363628543196485 5404327299982778637 n

422628432 1541834626605876 8806776200346690012 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани