2win800x200

ИЗГРАДБАТА НА ВЕЛОПАТЕКИ ПРОДОЛЖУВА ДА БИДЕ НА ВРВОТ НА ПРИОРИТЕТИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Февруари 01, 2024
Поубав и поуреден град, нови проекти и отворена општина за сите граѓани, се моите главни заложби во изминатите две години, на чија реализација континуирано работиме заедно со општинската администрација. Изградбата на велосипедски патеки, е еден многу важен проект, кој е неопходен за Битола, за зголемена безбедност во сообраќајот, уреден град, со атрактивна туристичка понуда, приоритети кои низ годините ќе можат да се надградуваат и осовременуваат.
Велопатеките беа, а верувам и остануваат неопходност и за сите политички партии, кои граѓанскиот интерес ќе го издигнат над партискиот и ќе дадат целосна поддршка за практична реализација на изготвената документација, објави градоначалникот Тони Коњановски.
Со поднесената апликација во Министерството за култура за реконструкција на објектот „Парк“ и денешното потпишување на договорот, потврдив дека, како градоначалник на сите граѓани, ги почитувам и желбите на локалните опозициони партии, кои како претставници на дел од граѓаните покажаа голем интерес за реализација на овој проект. За таа цел, благодарен сум што Министерството даде поддршка со околу 147.000 евра од потребните 801.000 евра, кои треба да ги обезбеди општината, односно колку што изнесува потребната сума за обновување на објектот, за кој верувам дека заеднички со граѓаните ќе ја одредиме функционалноста, откако ќе направиме целиот простор околу Офицерскиот дом да добие изглед, каков што и доликува на Битола.
Мојата упорност, за уредена Битола, со соодветна велоинфраструктура и без руинирани објекти, продолжува со понатомошно посветено работење. Верувам дека, сите избраници од граѓаните ќе дадат поддршка во ваквата заложба, зошто тоа е за иднината на нашиот град и за генерациите кои сакаме да продолжат да го градат и разубавуваат.
Секој чекор е важен, а нашите денешни постапки, значат многу за она што и претстои на Битола. Нашиот град не заслужува руинирани објекти, а европската велоинфраструктура е наша потреба, желба и иднина кон која треба да се стремиме.
Во чесното и посветено работење, неоснованите кривични пријави ги разбирам како политика, но и демократска можност да се провери беспрекорното работење на локалната самоуправа, затоа што граѓанскиот интерес мора да донесе победа над политичкиот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани