На 25 и 26 јануари во прсториите на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола се одржа обуката за финансиска писменост. Обуката со наслов „МИКРО БИЗНИС ИГРИ“ е
дел од проектот FinYes поддржан од
U.S. Embassy North Macedoniа
Целта на оваа обука се одвива преку методот на искуствено учење и претставува практична симулација на микро бизнис игри каде учесниците ги учат основните финансиски поими, преку игра.
Обуката ја водеа професорките Фани Наумовска од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Мирјана Лозановска од СЕОУ „Јане Сандански“ Битола. На неа присуствуваа 16 млади учесници од двете училишта.
Целта на оваа обука е зајакнување на финансиското знаење и вештини на учениците и унапредување на образовниот процес преку праткични симулации и пристап кој е високо ефективен кај учениците.