2win800x200

Објавен повикот за ваучери за одмор – отворете линк

Февруари 13, 2024
фото рибар-Охридско езеро фото рибар-Охридско езеро

Министерството за економија  го објави повикот за организирање одмор на работници со ниски приходи, чиј предмет е издавање потврда за одмор на работници со ниски приходи во вредност од 18.000 денари.

Право на учество имаат сите вработени физички лица чии месечни приходи во семејството не надминуваат нето-износ од 50.000 денари.

Едно лице може да добие само една потврда за користење средства за организиран одмор, стои во повикот, во кој се додава дека потврдата ќе може да ја користат само работникот на кој му е издадена и неговото потесно семејство наведено во барањето.

Потврдите ќе се издаваат по принципот прв дојден, прв услужен, а ќе можат да се искористат од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 19 септември до 1 декември 2024 година во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување.

Барањата со комплетната документација може да се достават по пошта или лично до Архивата на Министерство за економија, ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 14, Скопје, секој работен ден од 9:30 до 15:30 часот, најдоцна до 29 февруари.

Целиот повик со листата со потребните документи за аплицирање можете да ги прочитате ТУКА, а потребните обрасци може да ги преземете ТУКА.

 

https://economy.gov.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани