2win800x200

Маја Андоновска Илијевски реагираше на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ и најави тужба доколку повторно се спомене нејзиното име

Февруари 14, 2024

Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски, на својот фб профил реагираше на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ и најави тужба доколку повторно се спомене нејзиното име

Ги поздравувам сите кои ми го плеткаат името во теории на заговор. 

Ве разбирам дека кампања терате, ама на грешна врата тропате.
Следно кога ќе ми го спомните името, ќе ве тужам... 
Јас не сум во никакви кавги и трки за пратеник, јасно и гласно споделив со јавноста неодамна, еве и ќе ви повторам бидејќи повторувањето е мајка на знаењето. Инаку моментално се занимавам со организацијата на концертот во чест на Тоше Проески, кој ќе се случи во петок. 
А и за таму имате покана како и секогаш . 
Имајте убава вечер, нспиша Андоновска Илијевски
 
Screenshot 20240214 231131
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани