Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (16/17/18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 208 возачи, меѓу кои 145 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 15 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 санкциии за управување без возачка дозвола, седум санкции за користење на мобилен телефон...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.