2win800x200

Здравковска со обвинувања - На ред за „евакуација“ дојде и претседателот на локалниот огранок на ЛДП

Февруари 21, 2024
Интегрален текст од прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола-портпарол  Ангела Здравковска. 
 
Почитувани битолчани “евакуацијата” продолжува сега на ред за евакуација дојде и претседателот на локалниот огранок на ЛДП во Битола.
Димитар Кузмановски локалниот претседател на ЛДП во Битола од оваа недела е на ново работно место во државната компанија ФОД Битола.
Толку беше од грижата за Битола,единствено за оваа коалиција СДС, ДУИ и ЛДП, важни се јавните набавки склучени во 4 очи, односно тендерите за ископ на јаглен со милонски суми во РЕК Битола и вработувања на партиските функционери на работни места со високи плати.
Оваа влада, со секој изминат ден е се поблиску до големиот пораз и свесни за тоа, им остана да се занимаваат само со вакви дрски вработувања без никаква грижа кон граѓаните.
Затоа ситуацијата е ваква каква што е - очајна, а изгубените ЛДП, чираци на СДС и ДУИ, секој ден подлабоко пропаѓаат во жива песок.
 
Објавено од А.Б
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани