2win800x200

Горната Гимназија посветена на кампањата за запознавање со ретките болести

Февруари 26, 2024
Во месец февруари во Горната Гимназијата, традиционално се посветени на  кампања за запознавање со ретките болести.
Директорката Лидија Споа, стручните соработници и наставниците, учествуваат во активностите за одбележување на кампањата за запознавање на ретките болести.
Ученици го претставуваат новиот бран на современи, млади умови кои треба да се упатени во случувањата на оваа тема. 
-Целта на сите овие активности е подигнување на свесноста на учениците за поддршка и прифаќање на лицата со ретки болести, но и зголемување на јавниот интерес за изнаоѓање на ресурси и решенија за снабдување со потребната терапија која треба да ја примаат овие лица. Ние, како образовна установа, веќе 6 години од 2019 година активно работиме со нашите ученици преку едукативни настани на оваа тема. Сите наши заложби се со цел да се стави фокус на група на луѓе, кои иако се ретки, сепак, многу им значи нашата поддршка. Долгогодишната соработка на Гимназијата со “Хепар центар”-Битола и Живот со предизвици/Life with chalenges вроди со плод, па така започнувајќи од минатата година, Општина Битола ја препозна нашата иницијатива и започна финансиски да ги поддржува семејствата во кои има лице со ретка болест.
Можно е да е слика од 9 луѓе и текст кој вели „Bitola“
Денес, 26.02.2024 година, заедно со Градоначалникот, др. Тони Коњановски и Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, разговаравме за реализација на идни планови на ова поле, објавија од Горната Гимназија .
“Хепар центар”и Живот со предизвици/Life with chalenges изразија задоволство од постигнатото досега и притоа доделија плакети со благодарници до Градоначалникот, Секретарот, Општина Битола, Совет на Општина Битола, како и до Директорката на Гимназијата СОУ “Јосип Броз -Тито” Битола за спроведувањето на иницијативата за помош на лицата со ретки болести и нивните семејства.
 
Објавено од А.Б
Можно е да е слика од 6 луѓе и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани