АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синдикатите на пет јавни универзитети изразија согласност и единство да одржат мирен протест, во понеделник, 4 март 2024, во 13,00 часот, на сите вработени, пред влезовите на овие универзитети. Синдикатите се обединети околу ставот дека се игнорирани и дискриминирани од Собранието и Владата на Република Северна Македонија со непотпишување на Колективниот Договор со петте јавни универзитети. Тие го поздравуваат спроведувањето на Колективниот Договор со УКИМ, но, на надлежните им порачуваат дека истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминацијата и нееднаквост, бидејќи останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на Колективниот Договор неправедно се изоставени настрана од државата. Здружените и обединети синдикати со овој протест порачуваат дека настапуваат поврзано и обединето, без никаква политичка боја, организирани за враќање на достоинството, интегритетот и правдата.
Објавено од А.Б