АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес низ Битола можат да се забележат засилените сообраќајни контроли, на неколку позиции низ битолските сообраќајници. така е во моменот на Црн Мост. Контролите продолжуваат и во наредните денови.
Во текот на изминатата вечер (02/03.03.2024) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 9 во Битола, 4 во Прилеп и по два во Ресен , Македонски Брод и Крушево. При контролата биле откриени 12 останати прекршоци.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Објавено од А.Б