2win800x200

Осум дена притвор за мажот од Долно Оризари кој потпали казино во Битола

Март 03, 2024

Осум дена притвор доби мажот од Долно Оризари кој се обиде синоќа да потпали казино во Битола. Оваа информација за Апла.мк ја потврдија од СВР Битола. Потпалувачот е сместен во Битолскиот затвор. 

Според СВР Битола  ноќеска во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Т.(35) од с.Долно Оризари, битолско. Тој се сомничи дека на 02.03.2024 околу 22.30 часот со запалива течност предизвикал пожар во казино на ул.„Лазо Трповски" во Битола. 

 

Објавено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани