2win800x200

21 годишен битолчанец силувал 14 годишно девојче

Март 11, 2024

Од страна на битолското обвинителство е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник. За лицето постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштуваат од ЈОРСМ.

Осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати низ периодот од август до крајот на декември 2023 година, вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче.

„Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот'', стои во соопштението.

 

Објавено од А.Б 

 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани