2win800x200

Градската библиотека потпиша меморандум со Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола

Март 12, 2024
На 12 март 2024 година, директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола,
м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен „Мобилност Битола“ со седиште во Битола, застапувано од претседателот прим. д-р Нико Јанков.
Библиотеката со години работи на еднакви можности за сите лица кои живеат во нашиот град, а имаат некој вид на потешкотии.
Со овој меморандум, нашата библиотека и здружението само ја потврдија соработката.
Дел од активностите предвидени со меморандумот се:
- взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата;
- учество, соработка и реализација на заеднички проекти;
- одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.; работилници за уметност и занаетчиство, промовирајќи ја креативноста и само изразувањето;
- часови со приказни за деца кои се фокусираат на теми за инклузивност, различност и прифаќање и уште голем број активности кои можат да се реализираат взаемно во просториите на нашата библиотека.
 
 
Објавено од А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани