2win800x200

Србиновски-Заради раздор, ВМРО-ДПМНЕ не може да назначи носител во Петката

Март 12, 2024
Интегрален текст од прес конференција нар Дејан Србиновски од  СДСМ Битола
 
Заради раздорот во општинскиот комитет и незадоволството од работата на Тони Коњановски, ДПМНЕ само во Изборната единица 5 не може да назначи носител!
Градоначалникот, Тони Коњановски притиска да биде носител за да се спаси од кривичен прогон за европскиот проект Smart4you2. Од проектите што ги ветуваше за Битола ништо не реализира и сега пратеничкиот имунитет му е шанса да се спаси од срамот и од затворот што му го смести неговиот најблизок соработник во општината.
Претседателот на ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски се надева дека ако стане пратеник, ќе куртули од прогон за кривичните пријави што ги заработи како директор на Јавното претпријатие Водовод кое минатата година ја заврши со загуба од над 40 милиони денари.
Пратеници сакаат да бидат и потпретседателот на општинскиот комитет на ДПМНЕ, Горан Исков и заменик градоначалникот, Бојан Бојкоски.
Секој од нив сака да си ја спаси кожата, а не да направи нешто за Битола. За нив не се важни граѓаните и затоа за 2 години локална власт ништо не направија. Затоа, ДПМНЕ ќе биде поразена во Битола!
 
 
Објавено од А.Б 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани