АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 15.03.2024 (петок) со почеток од 18 часот во НУ Завод и Музеј Битола ќе се отвори изложбата на народни носии од колекцијата на Костадин Балкански.
Костадин Балкански е роден на 15.07.1990 година во Скопје. Средно музичко училиште завршил во ДМУБЦ Илија Николовски Луј, отсек за традиционален играч – пеач. Во 2013 година се вработува во Ансамблот на НУ„Танец“ каде продолжува да ја негува и чува традицијата на Македонија. Остварил големи концертни патувања во Шведска, Канада, Америка, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија итн.
Љубовта кон народните носии, се појавила на негова 16 годишна возраст, на првиот терен во Мариово, поточно во селата Витолиште и Полчиште, организирано од средното музичко училиште ДМУБЦ Илија Николовски Луј.
Неговата колекција на народни носии брои 1200 предмети од различни региони во Македонија, кои датираат од првата половина на 19 век до првата четвртина на 20 век.
Во изложбата ќе биде презентиран дел од колекцијата на Костадин Балкански.
Координатор на изложбата е Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос-советник.
Објавено од А.Б