2win800x200

На полицаецот кој ја тепаше невенчаната сопруга ќе му биде одземено службеното оружјето

Март 13, 2024

Одделот за внатрешна контрола изрече мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник од Битола кој ја натепал невенчаната сопруга. 

Како што се наведува во МВР-билтен, на 29 јануари 2024 година во Битола Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда.

Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210, став 1, точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс  за однесување на работниците на МВР.

По ова одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник. 

 

 

Објавено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани