АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вчера вечер, во 20.00 часот во СВР Битола, од Казнено – поправната установа Затвор Битола било пријавено дека при претрес во просторијата во која биле сместени осудениците 28-годишниот М.Б. од Битола, 32-годишниот А.Т. од Прилеп, 32-годишниот А.Ф. од Прилеп, 27-годишниот Е.С. од Скопје и 30-годишниот Е.М. од Битола биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе различни таблети и мобилен телефон, извести МВР.
„Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Објавено од А.Б