2win800x200

Повредено е младо момче-По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патот Прилеп – Битола

Март 19, 2024

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Според информациите од МВР, несреќата се случила синоќа околу 1 часот по полноќ. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека сообраќајна несреќа се случила меѓу товарно возило „МАН“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот битолчанец Д.М. и автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки кое го возел 20-годишниот Д.К. од Прилеп.

Тешко повреден е 20-годишниот Д.К. кој бил пренесен во прилепската болница.

Сообраќајот на патот Прилеп – Битола се одвивал наизменично по една коловозна лента.

Сега сообраќајот на патот Прилеп – Битола се одвива нормално, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

 

 

Објавено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани