2win800x200

Студентите се запознаа со кариерните можности во СН Групацијата

Март 27, 2024

-СН Сообраќајниот центар најинтересен за студентите од техничките профили кои денеска го посетија Саемот за вработување, практиканство и стипендии на Техничкиот Факултет во Битола.

Во рамките на Саемот за вработување, практиканство и стипендии што традиционално се одржува на Технички Факултет – Битола во соработка со бизнис секторот, денес свое претставување имаа и СН сообраќаен центар и СН Осигурителен Брокер АД Битола како дел од СН групацијата во која се поврзуваат знаењето и практиката.

„На настанот ги претставивме услугите кои ги нудиме како СН групација, работните места и нивната структурна распределба, обуките и можностите за професионално усовршување наменети за нашите вработени, но и тим – билдинг активностите кои го јакнат духот на нашиот тим.“, вели Билјана Велјановска од СН Сообраќаен центар Битола.

thumbnail

СН Сообраќајниот центар ги промовираше и услугите за зачувување на безбедноста на возачите и моторните возила како чинители во сообраќајот преку проверка на техничката исправност на возилата во станицата за технички преглед во склоп на Сообраќајниот центар опремена со најсовремена опрема потребна за проверка на моторните возила по највисоки стандарди.

Велјановска нагласи дека СН Сообраќаен центар на своите клиенти им нуди повеќе услуги во техничката служба како што се издавање на А – тест потврди од сите типови (фолии, кука, плин), хомологација, легализација, ЦЕМТ, ПТЕУ - потврда за техничко експлоатациони услови. Тука се и услугите за издавање на меѓународни патни исправи кои стануваат се поактуелни во пресрет на празниците и продолжените викенди, како и летните одмори.

За да ја ислустрира природата на работните обврски во центарот, посочува дека за комплетен технички преглед и регистрација на возилото неопходна е соработката со референт од МВР кој е во склоп на СН Сообраќаен центар. Тука исто така се добиваат услуги за брзо и навремено плаќање фактури и испраќање на потребни документи преку соработка со МК Пошти. Воедно тука е и СН Центарот за моторни возила каде со најсовремена опрема се врши проверка и поправка на возилата од страна на стручен и обучен тим.

Преку ваквите информации студентите имаа можност да се запознаат како изгледаат работните обврски и работните места во СН Сообраќаен центар кои се особено интересни за студентите од техничките струки.

„На саемот за вработување студентите од Техничкиот факултет во Битола се информираа за работните позиции  во СН - групацијата. Соработката меѓу двете институции е повеќе од потребна и обострана.  Студентите беа мошне заинтересирани за пракса и вработување. Воедно многумина изразија и желба лично да дојдат во посета на СН Сообраќајниот центар и на лице место да се информираат за отворените работни позиции.“-вели Велјановска.

Студентите кои го посетија денешниот саем исто така покажаа голем интерес за практикантската програма на најголемото брокерско друштво од областа на осигурувањето СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Саемот за вработување и практиканство е одличен начин да се воспостави првата комуникација меѓу студентите и компаниите. На ваков начин компаниите ја презентираат својата дејност, можностите за практикантство и отворените работни позиции, а студентите имаат можност и самите да се претстават пред потенцијалните работодавачи. Програмата за практиканти која СН Осигурителен Брокер АД Битола ја реализира во соработка со Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола привлекува голем интерес бидејќи им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата. Toa има големо значење за нивното професионално надоградување. СН Осигурителен Брокер и во иднина ќе ја продолжи таквата пракса.“-вели Анета Шијакова, маркетинг менаџер во СН Осигурителен Брокер Битола.

Од компанијата нагласуваат дека соработката на студентите и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите, што е особено значајно за нивното напредување на пазарот на трудот.

„Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола настојува да ги поддржи младите во нивниот кариерен развој. Настојуваме да го поттикнеме потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување. И практикантските програми и настаните како што е самот за вработување нас ни овозможува поврзување со квалитетен кадар. Tенденцијатa e зајакнување на капацититете на младиот стручен кадар и тоа создавање на поголеми можности за вработување во секторот на осигурувањето.“-вели Маја Митревска, менаџер за човечки ресурси во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

 

Комерцијален текст 

 

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани