2win800x200

Кампањата за референдумот денеска во Битола и Ресен

Септември 02, 2018

Во Битола и во Ресен Коалицијата „Заедно ЗА европска Македонија“ денеска ја продолжува кампањата за информирање на граѓаните за придобивките од влезот во НАТО и во ЕУ.

Во битолскиот театар во 18.30 часот ќе се одржи граѓанска трибина на којашто ќе учествува националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, кој претходно, во 13 часот пред Домот на културата ќе даде изјава за медиумите.

Во Ресен, во 18.00 часот во Големата сала на општината, ќе се одржи граѓанска трибина на која ќе се обрати министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани