АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На првоодделенците од Општина Могила, градоначалничката Јасмина Гулевска им подели училишен прибор. Годинава 53 ученици - првоодделенци се запишаа во сите централни и подрачни училишта на територијата на општината.
Гулевска на учениците им посака успешна учебна година, со желби за многу здравје и најави дека и во наредниот период локалната самоуправа ќе инвестира во подобрување на условите во трите централни и сите подрачни училишта во општината.