2win800x200

Во пресрет на Рамазан Бајрам ифтарска вечера организирана од градоначалникот Коњановски

Април 07, 2024
Во пресрет на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера.
Традиционално, на вечерата присуствуваа, битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со претставници на битолското муфтиство, пратеничките во Собранието на Република Македонија, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска, директорите на јавните претпријатија, претставници на советничките групи од општинскиот Совет, како и голем број граѓани, соработници на општина Битола, претставници на невладиниот и бизнис секторот.
435742190 455409360175284 3975046602753662842 n 800x533
Градоначалникот Коњановски, посочи дека овој месец кога верниците од исламска вероисповед го празнуваат светиот месец Рамазан, посебно е важно, да се истакне меѓусебното почитување, соработка и заедничкото негување на добрите дела, кои значат градење на вистински вредности.
Присутните гости се заблагодарија за ваквата организација која потврдува дека, Битола е град во кој се негуваат хумани, општочовечки односи, кои се значајни и во континуираната ангажираност за воведување разновидност и инклузија во градот.
Оваа година, Рамазанскиот пост започна на 11 март и завршува на 9 април. Првиот ден на Рамазан Бајрам се одбележува во среда на 10 април.
435575025 455409986841888 4294987179414575796 n 800x533
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани