Индустриската зона „Жабени“ соопштува дека биле забележани две лица кои недозволено се движеле на територија на зоната. Ова се случува само еден ден пред посетата на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на нова фабрика во ИЗ „Жабени“.
-Со оглед дека, Индустриската зона Жабени, повторно станува привлечно место за нови инвестиции, како менаџерски тим должни сме да ги преземеме сите мерки кои обезбедуваат добри услови за инвеститорите и им гарантираат сигурност како нив, така и на вработените, но и на сите граѓани на Општина Битола.
Од тие причини, сакам да известам дека, синоќа во близина на пречистителната станица, во кругот на зоната, од страна на стражарската служба, беа забележани две лица кои недозволено се движеа во овој дел, а за кои немаме сознание со каква цел беа присутни во просторот на зоната.
Имајќи го предвид значењето на пречистителната станица за сите корисници на зоната, како и опасноста што може да се предизвика во случај на нејзино оштетување, која може да биде на ниво на еколошка катастрофа, од наша страна веднаш, преземени се сите потребни мерки и доставена е пријава до СВР Битола, од каде соодветно се постапува.
Наша обврска е одговорно да управуваме со Индустриската зона „Жабени“, поради што нема да дозволиме ваквите случаи никому да наштетат, соопштија од ИЗ Жабени.
Текст А. Блажевска.