АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од партиски послушници и партиски војници корист немате, рече на митингот во Битола кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска.
Гледам тука како „китки“ многу жени, рече Силјановска и се осврна на женските права.
-Женските права се човечки права, демократијата се мери по улогата на жените, не само во институциите туку и на највисоките политички функции. Признавам, ќе се опкружам со жени не за да покажам дека сум радикална феминистка, туку да им укажам на мажите дека се откажуваат од многу знаење, ум, креакција и посветеност. Ако има жена претседателка, жените ќе се идентификуваат со неа, и ќе бидат не само успешни на работа, во семејството, туку и со политиката оти е од женски род, рече Силјановска.
„Ако со уставни измени се станувало членка на Европската унија, Македонија со оглед на досегашните над триесет уставни измени би требало да е веќе таму“, изјави Силјановска - Давкова пред битолчани.